Јолевски во Брисел на состанок на Североатлантскиот совет на НАТО

Јолевски во Брисел

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Североатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.

Во рамки на состанокот, соопшти Министерството за одбрана, министерот Јолевски ќе оствари билатерални средби со министрите за одбрана на Грузија и на Канада.

На состанокот на министрите за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“, прв од ваков вид се очекува да се дискутира за досегашниот прогрес и идната траекторија на мировната мисија „Одлучна поддршка“.