Јолевски за Алфа: Македонската армија е подготвена за членство во НАТО

Ние на големите безбедносни форуми не патуваме само за форумот, туку и за средби со важни луѓе, нормално е вие кога одите да бидете сместени во хотелот каде што се одржува настанот. Дури и да има опција да бираш каде да спиеш, тоа е нерационално, бидејќи вие ако сте дошле на една конференција треба да се видите со колегите таму, да поразговарате, рече поранешниот министер за одбрана Зоран Јолевски во разговорот за телевизија Алфа.

Рече дека некогаш им наложуваат во кои хотели да спијат, а не ги оставаат сами да одлучуваат. Тој говореше и за обвинувањата за средствата што ги трошел за презентации, Јолевски кажа дека неговиот таргет додека бил министер, било да се сретне со луѓе важни за Македонија да добие покана за НАТО.

„Мојот таргет како министер во овој период беше да се сретнам со што повеќе луѓе кои може да влијаат Македонија да добие покана за членство во НАТО и само ќе ви кажам на пример, на мојот пат кон форумот Халифакс, амбасадорот на Канада мене ми организираше предавање на еден од најелитните универзитети во Отава, каде беа присутни професори, претставници од Министерството за одбрана, дипломатскиот кор, претседателот на Атланстскиот совет-Канада и после состанокот се одржа еден коктел. Првата понуда што ја добивме беше 5.000 евра, ние ги замоливме за нешто поскромно да се направи, направивме прием за 1.200 долари“, изјави Јолевски.

Говорше и за обвинувањата дека доста често патувал во Вашингтон. Јолевски кажа дека за меѓународната политика на Македонија, во овој период важни биле Вашингтон поради НАТО, Брисел поради ЕУ и Варшава поради тоа што таму беше самитот на НАТО.

„Во текот на моите посети, посебно во САД, често знаев да сврзам 2-3 цели кон кои цели државата. На последното патување учествував на регионалното собрание на ОН, кое беше посветено на мировните мисии, бидејќи една од целите на Министерството за одбрана е да го зголеми бројот на припадници на мировните мисии под НАТО. Овие патувања имаат повеќе цели“, изјави Јолевски.

На прашање на новинарот дали Македонија е подготвена за НАТО, Јолевски кажа дека со се што било сработено, нашата држава е спремна да биде од оваа организација.

„Армијата на Република Македонија е целосно подготвена за влез во НАТО и примарно работевме на зајакнување на капацитетите на армијата. При мојата втора посета на САД, со тогашниот командант на полкот на специјални операции, бевме во Комората за специјални операции во Тампа. Подготвени сме за НАТО“, рече Јолевски.

Во интервју за Алфа телевизија поранешниот министер за одбрана говореше за последните обвинувања од страна на СДСМ дека бил голем трошаџија. Тој кажа дека сметките за хотелите може да се поделат во неколку групи, првите се оние кои домаќинот на некоја голема конференција ги бира хотелите.

„Шест години бев преговарач во овој процес и искрено се залагавме да најдеме некое заедничко решение кое ќе го заштити интегритетот на граѓаните на Република Македонија. Внимателно ги следат изјавите во грчките медиуми и изјавите на медијаторот Нимиц кој што беше тука во Скопје и од овие изјави може да се заклучи дека се уште не е создадена клима за некое брзо наоѓање на решение околу името“, вели Зоран Јолевски, поранешниот министер за одбрана во вестите на телевизија Алфа.

„Сметам дека Република Македонија треба да остане во својот пат кон НАТО, јас во два наврата еднаш како амбасадор и како министер подготвив стратегии пред два самита на НАТО зашто Македонија треба да добие членство во НАТО. ГЕО политичката состојба во Европа и во светот во 2007 и во 2017 е различна, ние имавме настани во Северна Африка и на блискиот Исток кои што донесоа одредени промени, во Сирија, во Украина и сето тоа носи нова стратегија“, потенцираше Јолевски.