Јолевски засади дрво на мирот на македонско-грчката граница

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска во Дојран засади маслиново дрво – дрво на мирот.

Воедно, како дел од 14. акција „Ден на дрвото“, министерот Јолевски, засади садници и на локации блиску Гевгелија и Богданци, додека се очекува припадниците на Армијата да засадат близу 40.000 различни садници.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, активно  ја поддржуваат оваа благородна акција од самите почетоци. Оваа година, акцијата симболично започна пред десетина дена, со засадување на седумдесет садници од страна на министерот Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Котески, претставниците на здружението „Ден на дрвото“, акредитираните одбранбени аташеи во Македонија и претставниците на новинарите во селото Папрадиште, Велешко.