Јончевски поднесе оставка, МЗТ без тренер

мзт

Ваквата реакција на доскорешниот стратег доаѓа по вчерашниот пораз на гостувањето од Крка.

Јончевски го презеде кормилото на „аеродромци“ по заминувањето на Емил Рајковиќ и како главен стратег седеше на клупата во последните девет натпревари во АБА-лигата и во Еврокупот на кои оствари учинок од две победи и седум порази.

МЗТ Скопје веќе во среда го очекува дуел со Лиеткабелис, во рамки на Еврокупот, а во петок против ФМП, во АБА лигата. За претстојните две средби на домашен терен, раководството на клубот реши кормилото привремено да им го довери на помошникот Горан Крстевски и на тренерската легенда Александар Књазев, кој ќе ја има улогата на стручен консултант.

Во меѓувреме ќе се направат напори да се ангажира тренер, чија главна задача ќе биде да го извлече клубот од кризата, да го врати на победничкиот колосек и кој ќе има визија за подолгорочен проект во тимот од „Јане Сандански“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.