Јоновски: Не кревајте раце од нас

По вчерашниот пораз над Македонската репрезентација, армијата фнови останаа разочарани.

Сепак разочарувањето е едно, но вербата е друго. Тоа што е видливо е дека на ракометарите им е потребна поддршката од трибините. Шпанија беше подобра, но не значи дека подобра ќе биде Чешка, ниту пак Данска.

-Јас секогаш истакнував дека навивачите се важен дел од нас. Тие се нашиот ветер во грб и нашиот осми играч. Би сакал да им порачам да не креваат раце од нас. Имаме уште два дуела, шансите за пласман во полуфиналето не ни се загубени, изјави Аце Јоновски.