Јоновски сеуште неизвесен, Обрван размислува на можни варијанти во одбраната

Како да не беше доволно што го загубивме натпреварот со Хрватска, туку најверојатно (барем за мечот со Австрија) го загубивме и столбот во одбраната, Ацо Јоновски.

Сепак, селекторот Обвран е јасен дека кога се мора, се може без секого, па така ќе побара решение за таа позиција помеѓу останатите играчи во тимот.

“На таа позиција во одбрана се Велко и Никола Марковски, тука е и Столе Стоилов. Но, секако ќе мораме нешто да смислиме. Јас немам информација што се случува со повредата на Ацо. Тој издржа цел натпревар со Хрватска. Ќе чекам инфо од лекарскиот тим, па ќе видиме што ќе правиме”, изјави Обрван.

Доколку Македонија сака нешто да смени во составот, тоа треба да го направи најдоцна до 10 часот наутро на денот на натпреварот. Во комбинација се Никола Митревски и Ванчо Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.