Јордан егзекутира двајца ирачки џихадисти

Во Јордан рано утринава беше обесена ирачката терористка Саџида ар Ришави, на чие ослободување инсистираше Исламска држава, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на извор од безбедносните сили.

 Џихадистите вчера лиферуваа видео снимка од убиството на заробениот јордански пилот Муас ал Касасбех, кого жив го запалиле.
Како одговор на неговото убиство јорданските власти го егзекутираа и Зијад ал Карбули, висок претставник на Ал Каеда, кој беше заробен и осуден на смрт за изведување повеќе напади врз прозападното кралство во последните десет години и за убиство на еден Јорданец во 2008 година.
Саџида ар Ришави беше осудена на смрт за нејзиното учество во бомбашките напади во Аман во 2005 година, во кои имаше 60 жртви.
j

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.