Јорданов: Советникот на СДСМ мора да одговара за насилството

ВМРО-ДПМНЕ Штип излезе со реакција откако директорот на ЈП „Исар“ беше нападнат од советник на СДСМ на вонредната седница која ја одржа општинскиот Совет, а по барање на советничката група на СДСМ.

-Бевме сведоци на невиден скандал. Во недостаток на аргументи советникот од СДСМ Мики Тодоров, кој е и секретар на општинската организација на СДСМ, прво вербално, а потоа и физички го нападнал директорот Анѓел Бојаџиев. Јавно ги прашуваме раководството СДСМ во Штип, дали ова скандалозно, насилно однесување на на нивниот функционер е нивниот концепт на дејствување и реализирање на нивните проекти? Ваквиот насилен начин на однесување во Советот на општината ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудуваме, вели Иван Јорданов од ОК Штип на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираат надлежните институции по пријавата да го разрешат овој случај.

-Истовремено бараме од СДСМ случајот да го осудат и да побараат законска и политичка одговорност од нивниот фукционер и разрешување од сите негови јавни функции, додава Јорданов.