Јордански пилот заробен од борци на ИД во Сирија

Пилот од јорданските военовоздухопловни сили е заробен од борци на Исламска држава, откако неговиот авион бил соборен во близина на упориште на исламистичката група во градот Ракка, во североисточна Сирија, пренесе МИА.

Вооружените сили на Јордан потврдија дека нивен авион се урнал во Сирија и пилотот е заробен.

Сирискиот центар за набљудување на човековите права, соопшти дека соборениот авион веројатно е на антиџихадистичката коалиција, предводена од САД.

Според центарот, борци од ИД го собориле авионот со ракети земја-воздух во близина на сирискиот град Ракка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.