Спорт

Јорганџиите веќе го сонуваат финалниот натпревар во Лисабон

Јорганџиите веќе го сонуваат финалниот натпревар во Лисабон

Хозе Луиз Камачо, спортскиот директор на најпријатното изненадување во годинашното издание од Лигата на шампиони, тимот на Атлетико Мадрид, веднаш по ждрепката за полуфиналната рунда од Лигата на шампиони изјави дека сите во клубот го сонуваат и финалниот натпревар кој ќе биде одихран на 24 мај во Лисабон.

“Како прво, чест е да се биде дел од ова големо друштво, чест е да се биде помеѓу најдобрите четри екипи во Европа. Сепак, ние нема да се задоволиме со овој голем успех, Атлетико Мадрид е амбициозен клуб. Сите кои се директно или индиректно поврзани со овој клуб веќе го сонуваат финалниот натпревар во Лисабон. Знам дека ќе ни биде многу тешко, дека ќе биде пеколно и во Мадрид и во Лондон, но јас верувам во нов успех, верувам во пласманот во финалниот натпревар”, изјави Камачо.