Балкан

Јосиповиќ: Шешељ не може да го дестабилизира регионот

Јосиповиќ: Шешељ не може да го дестабилизира регионот

„Војислав Шешељ нема потенцијал да го дестабилизира регионот, но внесува немир“, изјави поранешкиот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, кој изјавите на претседателот и премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ по палењето на хрватското знаме ги оцени како коректни и дека покажуваат желба за продолжување на соработката.

Јосиповиќ во интервју за „Данас“ нагласи дека Шешељ е обвинет за најтешки злосторства и дека без оглед на пресудата, тој останува еден од протагонистите на говор на омраза и воен поттикнувач.

– Не треба да го преценуваме потенцијалот на Шешељ за дестабилизирање на регионот, не е тој толку важен, ниту толку моќен, но сигурно внесува немир и го расипува односите меѓу луѓето и државите, истакна Јосиповиќ.

Јосиповиќ коментирајќи ги изјавите дека привременото пуштање на слобода на Шешељ, но и враќањето во Хаг е насочено кон дестабилизирање и уривање на српската влада, истакна дека не може да ги разбере таквите изјави, бидејќи обврска на секоја држава е да ги почитува наредбите на судот.

– Србија со исполнување на наредбата ќе ја докаже својата сила и приврзаност кон меѓународно прифатените вредности и меѓународното право. Заминувањето на Шешељ во Хаг, сметам дека нема ниту малку да и наштети на Србија и нејзината влада, истакна Јосиповиќ.