Јотова: Во Бугарија ќе се отворат три нови бегалски центри

бегалски

Таа посочи дека во својство на европратеник го поставила прашањето во Европскиот парламент и од одговорот станува јасно дека земјата нема да ги добие 160 милиони евра, кои беа побарани од страна на премиерот Бојко Борисов наменети за таа програма.

Сумата е 101 милион евра, во кои има 10 отсто учество од страна на Бугарија. Освен тоа треба да изградиме и три нови белгаски центри од отворен тип. Тоа најверојатно ќе се случи при управувањето на сладната влада, истакна Јотова.

Имено, 18,9 милиони евра ќе бидат потрошени за изградба на камповите. Се уште не е познато каде ќе се наоѓаат тие.

Јотова додаде дека Бугарската социјалистичка партија (БСП) сигурно ќе го врати мандатот кој го доби од претседателот Росен Плевнелиев.

Таа изјави дека секој обид за составување на Влада во рамките на овој парламент е осуден на агонија.

Јотова го критикуваше претседателот за бавната реакција во време на владина криза.

Плевнелиев направи се што е возможно така да се одолговлекуваат нештата со едни бесмислени консултации, бидејќи не е подготвен да состави официјален кабинет. Од се што се случи, единствено позитивно е што се усвои буџетот за идната година, наведе таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.