Јотовски елиминиран на фјучрсот во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во туниски Хамамет, кој се играше за награден фонд 15.000 американски долари.

Во четвртокот попладнето Јотовски заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора загубија во четвртфиналето од Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија) со 2:0 во сетови.

Победничката двојка двата сета ги доби со по 6:4 во гемови.

Јотовски во средата во првото коло во сингл загуби од четвртиот носител Жерар Гранољерс-Пујол.

Македонскиот тенисер од следната седмица е пријавен за настап на фјучрс турнир во Италија за награден фонд од 25.000 американски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.