Јотовски го совлада Де Вард и обезбеди пласман во полуфиналето во Кисељак

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 10.000 долари во Кисељак, БиХ.

Во четвртфиналната пресметка Јотовски славеше против Австриецот Стефан Де Вард во два сета, со 6:3,6:1.

Ова ќе биде нова шанса за финале на нашиот тенисер, откако минатата недела играше во финалето на турнирот во Бол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.