Јотовски и понатаму напредува на АТП-листата

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, го забележа својот најдобар пласман на АТП-листата, на 623-то место, искачувајќи се за пет позиции.

Тој продолжи да напредува и тоа без поените од пласманот во финалето на турнирот во Суботица, Србија, кои ќе бидат впишани во листата за идната недела. Од другите македонски тенисери, следуваат Димитар Грабул (683-то место), Стефан Мицов (1.245-то), Шендрит Деари (1.306-то) и Бесир Дургути (1.401-то).

Србинот Новак Ѓоковиќ останува на врвот со 3.485 поени повеќе од второпласираниот Шпанец Рафаел Надал, а Швајцарецот Роже Федерер е на 3-та позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.