Јотовски напредуваше, Грабул падна за три места

На новата АТП листа која беше објавена утринава, нашиот најдобар тенисер во моментов, Томислав Јотовски напредуваше за три позиции, така што сега е на 547-то место, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Димитар Грабул падна три места подолу и сега е на 639-то место на АТП листата.

Кај жените пак, Лина Ѓорчевска напредуваше во двојки и сега е на 363-то место, додека на сингл ВТА листата се наоѓа на 401-то место.