сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Јотовски предаде меч на турнирот во Анталија

Најдоброрангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски загуби во второто коло на ИТФ фјучерс-турнирот во Анталија, Турција, откако се предаде во вториот сет против првиот носител Хавиер Марти од Шпанија (290-то на АТП-листа).

jotovski

Поврзани вести

Јотовски го предаде мечот по само 43 минути игра, при резултат 0:6, 0:4, на турнирот што се игра награден фонд 10.000 долари, на земјена подлога.

Јотовски во последно време бележи континуиран пад на АТП-листата. Моментно е на 648-то место, иако минатата година ја заврши на 552-та позиција во рангирањето на тениските професионалци.

Најчитани вести