Јотовски се “прошета” во првото коло на турнирот во Ниш

Јотовски убедливо славеше против Игор Баничевиќ, победувајќи го со 2:0 во сетови, без загубен гем.

Нашиот тенисер играше и во двојки, каде заедно со Виктор Филипенко од Унгарија загуби од српско-бугарската двојка Грбиќ-Трендафилов.

Вториот наш претставник на турнирот во Ниш, Бојан Јанкуловски доживеа елиминација во првото коло откако загуби од унгарскиот тенисер Виктор Филипенко (3:6, 7:5, 6:1).