Јотовски “скокна” на АТП листата во двојки

Јотовски со голем скок на АТП листата во двојки

Јотовски сега се наоѓа на 722-то место во конукренција на двојки, што е сепак пониско од неговиот личен рекорд, 653-то место од ноември 2014 година.

Титулата во Сокобања му донесе 18 нови бода со кои сега има 64.

На сингл-поредокот Јотовски се качи четири позиции, до 633-та, а голем скок од 79 места забележа Стефан Мицов, со кои дојде на 1.287. скалило.

Во женска конкуренција немаше позначајни промени за Лина Ѓорческа. Таа падна 13 места во сингл, затоа што загуби осум поени и едно место во двојки, како резултат на еден загубен поен.

АТП листа – двојки

722. (+117) Томислав Јотовски 64

АТП листа – сингл

633. (+4) Томислав Јотовски 46

1.287. (+79) Стефан Мицов 5

1.524. (-11) Бесир Дургути 3

1.597. (-43) Бојан Јанкуловски 2

1.602. (-491) Димитар Грабул 2

1.684. (-11) Шендрит Деари 2

1.992. (-7) Горазд Србљак 1

ВТА листа – сингл

349. (-13) Лина Ѓорческа 105

ВТА листа – двојки

268. (-1) Лина Ѓорческа 225

1.110. (-176) Магдалена Стоилковска 11