Јован Илиевски е избран за судија во Европскиот суд за човекови права

Јован Илиевски, обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција со 106 гласа е избран за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права.
Гласањето беше тајно и се одржа денеска. Неговиот деветгодишен мандат ќе почне на 1 јануари 2017 година.
Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа беа повикани со гласачко ливче до 17 часот да изберат Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звонимир Јанкуловски.