Јован Вранишковски не на листата на помилувани осуденици

Јован Вранишковски не е на листата 25 помилувани осуденици кои вчера со Указ на шефот на државата Ѓорге Иванов целосно или делумно се помилувани, пишува Плусинфо.

Списокот на помилуваните ќе биде објавен во најновиот број на Службен весник.

Како што објави порталот поголем број од помилуваните имале одлежано казна затвор повеќе од две третини што е еден од условите за помилување. И владиката Јован има толку одлежано во затвор, но засега не се знае зошто не е помилуван, иако и руската и македонската црква побараа тој да биде помилуван.