Јованов изземен од пријавата, наместо него ќе одговара Меќиќ

Јован Јован е изземен од кривичната пријава која МВР ја поднесе против четири лица за учество во скандалот со местењето на Скопскиот Фестивал.  Наместо Јованов, во кривичната пријава е опфатен пејачот Елвир Меќиќ, пишува Република.

Како што пишува порталот, Меќиќ заедно со Кристијан Стефановски неговиот брат Игор од продукцијата План Б и сопственикот на фирмата Видекс, Борис Видески, која го организираше телевоутингот ќе одговараат за злосторничко здружување и компјутерска измама.

Обвинителот барал Јованов да се изземе од пријавата бидејќи не е во Македонија и за да може постапката да почне побрзо. Дали и тој ќе одговара кривично ќе се знае по негово враќање во земјава кога ќе биде повикан во полицијата.

Скандалот изби вчера по скопскиот фестивал на кој победи Даниел Кајмакоски.