Јовановски: Изборот на Џафери не е деловнички и е надвор од Законот

На 30 декември кога ние го конституиравме Собранието имаше точка на дневен ред каде што заменици на претседавачот Трајко Вељановски беа избрани Миланов Стојан и Јусуф од турската партија. Во Уставот пишува дека раководи поранешниот претседател доколку е тука и сега ќе биде во улога на претседавач, додека да се избере нов. Доколку не е тука може да се избере најстариот пратеник од сите пратеници. Но Трајко Вељановски беше тука и тој водеше. Имаше и двајца заменици кои во негово отсуство тоа ќе го направат, истакна Јовановски.

Пратеникот вели дека најстариот пратеник, Бранко Манојловски од ДУИ одбил да учествува во овој пуч, но било предадено на Ферид Мухиќ, но бидејќи Мухиќ не можел да се носи со ова го предал на Мисовски.

-Тој истиот Мисовски и се потпишал. И тоа не е деловнички. И тоа е надвор од Законот, потенцира Јовановски.

Посочи дека сето тоа што го направиле е диво, бидејќи како што вели, целата нивна партија е дивоградба.