Јовановски до СДСМ и СОРОС: До кога ќе го потценувате сопствениот народ?

СДСМ и СОРОС продолжуваат да ја лажат јавноста, но тоа не им поминува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Народот не дозволува да биде излажен и потценет.

Последната лага од кујната на СДСМ и СОРОС која јавноста може да ја види е наводната независна пратеничка група во Собранието. За каква независна пратеничка група во Собранието се работи кога во неа се Ивана Туфекџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

До кога ќе го потценувате сопствениот народ?

Истата оваа група таканаречени независни пратеници, пред неколку месеци на јавноста и продаваа приказна дека се граѓански активисти, а рака под рака со СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев организираа протести, свернавеа историја, споменици на дејци и нанесуваа штета на објекти низ центарот на градот.

За каков независен пратеник се смета Ивана Туфекџиќ која уплати 118 илјади денари во касата на СДСМ предводена од аболициранот криминалец Зоран Заев.

За каков пак независен пратеник се смета Павле Богоевски кој уплати 184 илјади денари уплати во кампањата на аболицираниот криминалец Зоран Заев?

За каков независен пратеник се смета Стево Пендаровски кога беше носител поставен на листата од аболицираниот криминалец Зоран Заев, а патем пред неколку години тој беше и партиски кандидат на СДСМ за претседател на државата?

Кого го лажат? Тие само продолжуваат да бидат само партиски послушници и лични слуги на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои беспоговорно ќе гласаат за сите негови анти државни и деструктивни идеи. Тие независно не можат да отидат од една до друга локација, а не пак да бидат независни пратеници.

Овие лаги на СДСМ СОРОС се веќе прочитани. Обидите истите ликови од претпладне да ги прикажат како загрижени активисти, а попладне да ги користат како партиски потрчковци граѓаните ги видоа и затоа им го испорачаа десетиот изборен пораз по ред.

Разобличени се.