Јовановски: СЈО не постапува правно и врз основа на аргументи, туку извршува политички наредби

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е политички огранок на СДСМ, и тоа го докажува со секоја своја постапка. СЈО не постапува правно и врз основа на аргументи, туку извршува политички наредби. Затоа на СЈО единствен таргет му е ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски.

Јовановс оцени декла води политички монтиран процес чија цел е кршење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на Република Македонија.

„Дека целта на политичката хајка која ја води СЈО е ВМРО-ДПМНЕ доказ е фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица од партијата. Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Значи има мерки за претпазливост само за членовите и симпатизерите од ВМРО-ДПМНЕ но не и од други политички париии. Само врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се применуваат мерки за претпазливост, а не и врз други пратеници, што јасно укажува дека ние имаме процес на целокупна политичка хајка само против членови и симпатизери ВМРО-ДПМНЕ“, рече Јовановски.

Нагласи дека целта на СДС преку СЈО е гушење на опозицијата и убиство на демократијата. На дело се спроведува инквизиција во 21 век, на европско тло. Овој процес нема никаква врска со правото. Со овој процес се поништува правото.

„Со оглед на тоа што политизацијата е главната водилка според која се води СЈО и СДС, и со оглед на фактот што помина законскиот рок за покренување на обвиненија и нови истраги, а имаа цели 18 месеци да работат на тоа, согласно законските нормативи незаконски снимените материјали со кој располага сега во моментов СЈО мора да бидат уништени. Зошто ѝ се на Катица Јанева незаконските снимените приватните разговори? ВМРО-ДПМНЕ бара Катица Јанева да го почитува законот, да отпочне процедура за уништување на разговорите за спречување на секаков ризик некој да биде уценуван во иднина“, рече Јовановски.

Додаде дека секое друго однесување ќе биде ново кршење и непочитување на законите.

„Од правна институција СЈО станува главна политичка алатка за жигосување на луѓе и на политичка манипулација. Фактички и правно треба СЈО да започне да ги почитува законите и да престане да делува како некаква општинска организација на СДС“, заклучи Јовановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.