Јоветиќ: Поголем притисок за Ливерпул отколку за Манчестер Сити

Во недела ќе се одигра можеби најваниот натпревар кога е во прашање борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.Ливерпул ќе ја има предноста на домашниот терен, но за противник го има одличниот тим на Манчестер Сити кој не знае за пораз во домашниот шампионат.

Црногорскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ потцети дека домаќинот ќе биде под голем притисок поради обврската да слави, додека неговиот тим може да си дозволи и натпревар без победник.

„Дуелот против Ливерпул ќе даде одговор на многу прашања. Сепак, дуелот на “Енфилд” нема да биде последниот тежок натпревар за Сити во актуелната сезона. Доволно сме искусни, пред две години ја освоивме шампионската титула, а тоа е многу важно во ваквите натпревари. Сити може да се носи со големиот притисок, а убеден сум дека Ливерпул ќе биде под уште поголем притисок. Мислам дека ќе славиме на “Енфилд”. Офанзивната игра е заштитен знак на Сити, ремито е прифатлив резултат, но ние одиме на победа”, изјави Јоветиќ.