Јовев: Државната кардиохиохирургија за две години направи повеќе од 470 операции

Државната кардиохиохирургија за неполни две години има направено повеќе од 470 операции, и тоа, првите 6 месеци работевме во старата зграда само за да „проработи локомотивата“, посочи д-р Сашко Јовев од Универзитетска клиника за државна кардиохирургија.

„Работиме во новата прекрасно опремена клиника веќе 14 месеци. Направивме 470 операции, од кои 370 кардио хируршки, а 100 се големи васкуларни. Се движиме подобро од очекуваното, но иако сме одлично опремени добро би ни дошол уште малку простор. Имаме две комплетно опремени сали, голема супермодерна интензивна нега од 6 кревети и 10 оделенски кревети. Тоа во секој момент може да биде и полуинтензивна нега, зашто има монитори и сето она што е потребно. Во однос на она што дополнително би било од корист, потребни се уште неколку болнички соби“, истакна Јовев.

Сашко Јовев гостуваше во ОКО со Горан Петревски на ТВ Нова, заедно со неговиот колега Доктор Оливер Зафировски, директор на детска клиника Козле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.