ЈП „Државни патишта“: Државни патишта постојано се чистат од снегот со целата расположлива механизација

патишта“

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ЈП „Државни патишта“

Не е точно дека Република Македонија е блокирана од снегот, не е точно дека има отсечени градови. Каде Бочварски и СДСМ ги видоа стотиците сообраќајни несреќи или верижните сообраќајни незгоди што ги спомнуваат.  Можеби во соседните земји?

Напротив сите државни патишта постојано се чистат од снегот со целата расположлива механизација и на тој начин се оддржуваат за сообраќај за сите видови на возила.

Се чини дека само СДСМ е слепа на временските услови што ја зафатија цела Европа. Институциите во Република Македонија останаа на висина на својата задача создавајќи услови за одржување на сообраќајот на сите државни патишта.

Оваа година средствата  за зимско оддржување на патиштата е во висина од околу 390 милиони денари, што е значително висока сума во споредба со средствата кога СДСМ беше на власт.

СДСМ не знае за ништо друго освен за создавање на паника и црни сценарија. Но наместо тоа, да излезат и да изјават како високите функционери на СДСМ отидоа и се вратија од зимските туристичките центри  ако државните патишта не беа исчистени.

Институциите ќе продолжат и во наредниот период деноноќно да излегуваат на терен и да си ја извршуваат работат со целата своја механизација за да обезбедат непречен и безбеден сообраќај за сите граѓани во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.