Водовод: Скопје воведе систем за контрола за пристап на шалтерите на благајната

ЈП Водовод и канализација-Скопје во континуитет воведува новитети во насока на излегување во пресрет на потребите на корисниците, како и на модерното време на живеење. Во тој контекст го имлементиравме Системот за контрола за пристап на шалтерите во благајната за поефикасно и побрзо реализирање на барањата на корисниците.

Имено со воведувањето на овој систем се обезбедува контролиран проток на корисници со тоа што истите кога ќе дојдат во Службата за наплата односно на шалтерите потребно е на поставениот уред за издавање на тикет да ја одберат посакуваната услуга односно да подигнат бројче.

ЈП Водовод и канализација-Скопје и во наредниот период ќе продолжи со имплементирање на вакви новитети, се со цел што е можно повеќе да го олесниме пристапот и начинот на опслужување на корисниците.