ЈП „Водовод“ воведе GPS систем на своите возила

Јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје воведе GPS систем за поефикасно работење на возилата и следење на нивното движење и локација.

Предностите кои ги нуди овој систем се во насока на подобрување на работата и услугите кои ги врши Јавното Претпријатие.

Од претпријатието велат дека како во моментов, така и во иднина ќе продолжат да инвестираат во вакви и слични функционалности и проекти, кои го подобруваат квалитетот на услугите кон своите корисници.