ЈП „Водовод“ започна со решавање на проблемите со поплавувањето

Со цел решавање на проблемот со поплавувањето односно собирањето и задржувањето на големи количини на атмосферски води во период кога има интензивни врнежи на булеварот Павел Шатев, ЈП Водовод и канализација-Скопје во соработка со Градот Скопје отпочна со поставување на решетки од монолитен бетон.

Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот на самите семафори на двете коловозни ленти извршен е ископ, армирање и поставување на бетонска подлога по што ќе следи поставување на три попречни решетки од монолитен бетон со димензија RD 300 милиметри, во вкупна должина од 7,35 метри и еден сливник. Истите ќе бидат приклучени во постоечка шахта на постоечкиот атмосферски колектор ф-900 милиметри, по што ќе следи асфалтирање на самиот коловоз.

atmosferska na ulicata Pavel Satev (1) (1)

На истиот потег кај црквата Св.Петка ќе се постават 2 попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца. Самите решетки поединечно се со должина од 3,35 метри. Истите ќе бидат приклучени во постоечка шахта на постоечкиот атмосферски колектор ф-600 милиметри, по што ќе следи асфалтирање на самиот коловоз.

Воедно на самата раскрсница ќе бидат дополнително поставено три сливника. Два сливника кои ќе бидат еден до друг попречно поставени на самиот коловоз и тоа на влезот од булеварот Павел Шатев кон улицата Огњан Прица и еден сливник од улицата Огњан Прица кон булеварот Павел Шатев.