ЈСП и Водовод добија нови директори

Јавно сообраќајно претпријатие и ЈП „Водовод и канализација“ добија нови директори. На местото на директорот на ЈСП, Мишо Николов, ставен е Игор Јанушев, а нов директор на „Водовод“ е Александар Атанасов, кој доаѓа на местото на Бојан Василевски.

Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Тој повеќе години е вработен во министерството за транспорт и врски, каде досега бил  раководител на Сектор за воздухопловство.

Александар Атанасов е роден 1985 година и има завршено образование на Њујорк колеџот во Солун, смер „Бизнис администрација и менаџмент”. Тој има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја извршува функцијата генерален директор за шински возила Велес.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.