Македонија

ЈСП ќе го зголеми бројот на автобуси кон гробиштата во Бутел за Духовден

ЈСП ќе го зголеми бројот на автобуси кон гробиштата во Бутел за Духовден

ЈСП Скопје денеска ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробиштата Бутел од Карпош, Ново Лисиче и Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани соодветен дополнителен број на автобуси поради празникот Духовден.

Денеска автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред освен линиите 11, 18а, 32, 47а, 51, 55, 56, 56а, 70, 74, 80а и 81 кои ќе сообраќаат по делничен возен ред.

Во сабота автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред. ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел и во зависност од потребите ќе бидат ангажирани соодветен број на автобуси.