ЈСП преку ИТ натпревари ќе ги подобрува своите услуги

За деталите за повикот, што трае до 15-ти следниот месец, денеска се одржа информативна сесија на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

Може да аплицираат креативни индивидуалци над 18 години, како и стартап претпријатија со шест години активна работа до моментот на апицирање и иновациски активности. Треба да понудат предлог решенија за оптимизација на транспортните услуги на автобуските линии 5,15, 22, 19 и 57 и да развијат прототип на паметна автобуска постојка, со користење на лаборатиите на ФИНКИ и на Машинскиот факултет.

– Во системот за пријавување веќе има пет екипи од разни факултети. Охрабруваме мултидисциплинарен пристап  за да може да се орагнизираат  студенти од различни факултети  и да ги употребат различните знаења и искуства. Очекуваме бројот да се зголеми и да  имаме конкурентен натоперавр во кој најкреативните и најтехнички способните екипи ќе предложат решение за овој предизвик, изјави деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев.

Процесот на пријавување, како што информира, трае подолго бидејќи се внесуваат конкретни предлог решенија. Се внесува псевдо код на алгоритамот кој се планира да се имплементира за оптимизација и се податоците кои ќе се користат.

На хакатонот, појасни Чорбев, треба да се понудат алгоритми и начин како да се подобри квалитет  на транспортот на неколку автобуски линии, да се намали гужвата во автобусите и времето за патување, а тоа   да се развие со употреба на лабораториите на факултетите.

– На факултетот тука имаме супер компјутер на кој е можно да се прават симулации и процесирање на обемните податоци кои ЈСП ќе ги отстапи на студентите за да може да развијат алгоритми кои ќе го оптимизраат системот на неколкуте линии на ЈСП, рече Чорбев.

Решенијата за паметна автобуска постојка, појасни, ќе се развиваат во лабораториите на Машинскиот факултет и комбинација на современи електронски средства  и алгоритми. Таа автобуска постојка треба биде прототип кој потоа ќе се имплементира на сите постојки на ЈСП.

Организатори на натпреварите се Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, Град Скопје и ЈСП Скопје. Целта, посочи Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, е промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научноистражувачките, високообразовните институции и бизнис-секторот и промоција на лабораториите во високообразовните институции.

– Би сакале  младите креативни луѓе, пред се студентите, да придонесат за подобрување на сервисот и да иновираат. ФИНКИ и Машинскиот факултет имаат посебен придонес преку нивните лаборатории да помогнат во креирање на решенијата, изјави Поповска.

За најдобрите решенија на натпреварите е предвидена парична награда од 45.000 денари, но може да се изберат патување или пак рекламирање преку автобусите и постојките на претпријатието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.