JСП Скопје: Билет за едно возење нема да чини 60 денари

јсп

-ЈСП СКОПЈЕ ги дематира шпекулациите на одредени медиуми дека билет за едно возење во јавниот превоз ќе изнесува 60 денари. Ја информираме јавноста дека оваа информција е неточна, ЈСП СКОПЈЕ ниту дала таква информација, ниту пак има било какви индиции за такво нешто, се вели во демантот.

Одредени портали, се додава во демантот, користат вести кои беа пласирани во јавноста во 2015 година, во периодот пред да биде донесена Одлуката на Град Скопје за новиот тарифен модел од ноември 2015 година и истите ги пренесуваат како новост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.