ЈСП со изменет возен ред денеска и утре

Возниот ред на автобусите од јавниот превоз денеска и утре ќе биде изменет поради празниците, 24 Мај-Денот на „Св. Кирил и Методиј“ и 25 Мај-Духовден, соопшти денеска ЈСП Скопје.

Денеска автобусите ќе сообраќат по неделен возен ред, а утре ќе важи саботниот возен ред.

– Во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП – Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.