Магазин

Ју: Помогнете ми да си најдам девојка !

Ју: Помогнете ми да си најдам девојка !

Рен Ли Ју (29) во изминативе 10 месеци бил на 30 неуспешни состаноци, а кога тоа му здосадило, направил сајт каде нуди награда од 10.000 долари за оној кој ќе му најде девојка.

Овој дечко од Алабама има завршено на Харвард и има постојана работа како приватен помошник за недвижнини. Сепак, не може да си најде девојка.

Со цел да го реши овој проблем, Рен подигнал сајт, dateren.com преку кој луѓето ќе можат да му препорачуваат свои другарки кои би можеле да му се допаднат.

Како мотивација, тој на „стројниците“ им нуди 10.000 долари доколку особата која ја препорачале помине најмалку шест месеци во врска со него. Доколку некоја девојка сама се предложи, таа нема да добие пари.

ju2

Пред да го покрене сајтот, тој се разочарал од своите искуства на љубовните состаноци.

„Сум бил на безброј состанови – со девојки кои сум ги запознал преку пријатели, колеги, преку сајтови за запознавање, се сум пробал“, објаснува Ју.

ju3

Сега тој се надева дека некој добар човек ќе најде девојка која ќе му се допаѓа.