ЈУ Специјален завод Демир Капија: Забелешките на Хелсиншки комитет се тенденциозни и политички мотивирани

ЈУ Специјален завод Демир Капија реагира во однос на забелешките на Хелсиншкиот комитет во врска со состојбите во Специјалниот завод и истите ги смета за тенденциозни, еднострани и политички мотивирани за да се наштети на угледот на установата како и професионалниот кадар кој работи во неа.

Нивната реакција ја пренесуваме во целост

Имено во оваа установа континуирано се  работи на подобрување на ресурсите преку подобрување на кадровските ресурси, материјалните услови, обука на стручниот персонал во установата како и на подобрување на услови за сместување на корисниците и за таа цел секоја календарска година се зголемуваат средствата за подобрување на инфраструктурата на објектот.  Исто така изминативе три години се пристапи кон комплетно реновирање на Специјалниот завод во три фази од која третата е во тек.

Дополнително се спроведува процесот на деинституционализација во ЈУ Специјален завод Демир Капија со кој процес беа опфатени лицата со попреченост во менталниот развој, над 18 години. Како алтернативна грижа за корисниците, наспроти институционалната, за овие корисници се применува услуга од вонинституционална форма на заштита- организирано живеење со поддршка во станбени единици. Овој процес е од клучна важност во насока на почитување на човековите права на лицата со попреченост и овозможување нивно целосно учество во општествениот живот во локалната заедница. За таа цел моментално функционираат 16 станбени единици за организирано живеење со поддршка од кои 9 во Неготино и 7 станбени единици во Град Скопје, во кои се сместени вкупно 76 корисници.

Во однос на наводите дека нема ниту еден постојан лекар односно дека корисниците немаат здравствена заштита ги негираме вакви тврдења и напоменуваме дека корисниците на ЈУ Специјален завод –  Демир Капија се матични пациенти во приватна здравствена установа во  Демир Капија и лекарот којшто е вработен во установата врши редовни здравствени прегледи.

Корисниците го остваруваат правото на здравствено осигурување, се препраќаат до Општите болници секогаш кога ќе се дијагностицира било каков проблем , опфатени се со лекарска грижа и не им е загрозено правото на живот.

Во установата има ангажирано надворешен лекар, специјалист невропсихијатар, кој што доаѓа еднаш неделно и ги прегледува сите корисници кои што манифестираат проблематично однесување, ги следи корисниците со невропсихијатриски нарушувања, ординира терапија, советува.

Во однос на искажаната потреба за подобрување на хигиената во установата, истата се спроведува во рамките на редовните активности на установата. Во установата   постојат работно – окупациони групи на корисници како еден од третманите со кои се опфатени корисниците, кои што корисници се обучувани преку работен третман  од страна на дефектолози, воспитувачи, инструктори како би биле посамостојни и би се чувствувале покорисни во секојдневието, така се вклучени во секојдневен работен третман, работна група за одржување на работните простории, работна група за  оддржување на дворните површини, работна група перална, работна група трпезарија и сл. Овие работни групи се под постојан надзор, проценка, постојана стимулација и мотивација.

Во однос на подобрување на инфраструктурата на установата, во согласност со Програмата за тековно и инвестиционо одржување, Министерсвото за труд и социјална, во рамките на годишните буџети за капитални инвестиции секоја година ги зголемува финансиските средства за оваа намена. Реновиран е предниот дел од зградата каде што е сместен Одделот за лица со тешки пречки во менталниот развој (без санитарни јазли) – оддел А, дел од објектот каде што е сместен Одделот за лица со најтешки и комбинирани пречки во менталниот развој(со санитарни јазли)- оддел Ц,  и тераса. Во изминатата година преку јавна набавка се обезбедени кревети, душеци и постелнина. Ќебиња има доволно за корисниците, се обезбедуваат преку донации. Во установата застапени се следните профили кои се директно вклучени во негата, грижата, третманот и здравствената заштитат на корисниците:  социјален работник, 18 медицински сестри, лаборант,  негователи,  воспитувачи,   инструктори,  физиотерапевти. Останатиот дел од вработените се дел од помошно-техничка ( хигиеничарки, перална, кујна, електричари и бравар, чувари) и административна служба.

Хелсиншкиот комитет неаргументирано и премногу очигледно со ставовите кои денес ги изрече во медиумите има за цел да ја девалвира работата на Специјалниот завод и на вработените кои професионално си ги извршуваат своите и работни задачи и  обврски