вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Викендов јубилеен 40-ти по ред турнир во борење „Македонски бисер“

Агенцијата за млади и спорт го најави одржувањето на најголемиот Македонски интернационален турнир во борење „Македонски бисер“.

ams mak biser 1

Поврзани вести

Агенцијата за млади и спорт го најави одржувањето на најголемиот Македонски интернационален турнир во борење „Македонски бисер“.

Јубилеен 40 по ред турнирот ќе одбележи уште два други јубилеја, 55 години од постоење на Македонското борење и 20 години од победата на Интернационалниот боречки куп за „Бучим Јака“.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата е и ќе биде секогаш тука за сите спортски федерации и случувања поврзани со спортот. Така од буџетот на државата се издвоени 600.000 денари за овој настан.

Борењето е најтрофејниот спорт во република Македонија, и иако во изминативе години изостанаа големи резултати, интересот кај младите за борење е зголемен и наше мислење е дека борењето ќе се врати на македонската сцена на голема врата, истакна Спасески.

За деталите околу организацијата и учесниците зборуваше Ванчо Чифлиганец претседател на федерацијата за боречки спортови.

ams mak biser 4

Чифлиганец се заблагодари за поддршката што Агенцијата за млади и спорт во континуитет ја дава како преку финансиски средства, така и преку логистичка помош. Тој очекува силен турнир со оглед на најавените борачи.

Потенцираше дека оваа година Македонскиот бисер ќе биде најмасовен и со најголем број на странски држави и звучни имиња од боречкиот спорт. Како што рече, најавено е учество на 14 држави со борачи победници на Европски и Светски првенства и учесници на Олимписки игри.

Според пријавените натпреварувачи Македонскиот Бисер ќе биде едно мини Европско првенство. Преку овој турнир веќе 40 години се афирмира нашата држава на меѓународната сцена. Очекувам да одговориме на предизвиците и пред домашната и пред европската и светската јавност, истакна Чифлиганец.

Стартот на турнирот е закажан за сабота во 10.00 часот во малата сала при СЦ Борис Трајковски, додека финалните борби ќе бидат во попладневните и вечерните часови.

Најчитани вести