Јубилеен број на списанието „Македонски архивист“

Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ) неодамна го објави 20-тиот број на списанието  „Македонски архивист“.

– Списанието содржи пригодни текстови за новиот објект на ДАРМ, за организациската поставеност на институцијата, за дејноста на секторите и на одделенијата, за новите трендови – како дигитализацијата и објавувањето содржини на Википедија, за манифестацијата „Отворен ден на архивите“, како и за годинашните изложби на Архивот. Издаинието изобилува со фотографии и факсимили во боја, информира Архивот.

Од следниот број списанието ќе содржи научни трудови од областа на архивистика и историјата. Списанието е наменето за стручните лица, за наставниот кадар и за студентите по архивистика, како и за сите заинтересирани за оваа дејност.