Јубилеј: 143 години железници во Македонија

Македонски железници Транспорт АД Скопје денес одбележува 143 години од постоењето на железницата во Македонија. Инаку 9-ти Април е прогласен за Ден на железниците во Македонија.

На 9-ти април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница што своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.

Од тој ден во 143-те години до денес, како што истакнуваат од МЖ Транспорт, железницата помина низ многу премрежија, војни, конфликти, природни катастрофи, но и убави моменти. И покрај многуте турбуленции железничкиот систем опстанал и до ден денес кога се слави Денот на железничките работници на Македонија и тоа по 143-ти пат.

Инвестициски циклус во железницата

Од компанијата нагласуваат дека во изминатите години има инвестициски циклус во железницата, почнаа и завршија реконструкции на повеќе постојни пруги, изградба на Коридорот 8, реконструкција на железнички станици.

Нови 4 воза набавени за потребите на Македонски железници
Нови 4 воза набавени за потребите на Македонски железници

Набавени се 150 товарни вагони, две електромоторни гарнитури и четири дизел-моторни гарнитури. Во железничкиот систем во Република Македонија се инвестираат околу 1 милијарда евра, инвестиции кои ќе придонесат за еден поефикасен, поефективен, побрз и поквалитетен железнички превоз на патници и стока, кој ќе овозможи подобар развој на стопанството и раст на економијата во државата. Имплементирани се највисоки стандарди за интероперабилност во новите возови, со мерки за зголемување на мобилноста на студенти, стари лица…, посочуваат од МЖ Транспорт АД-Скопје.

МЖ Транспорт АД-Скопје на сите железнички работници и на сите граѓани им го честита Денот на железници во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.