Јубилеј на Германската стопанска комора во Македонија

Македонско – Германското стопанско здружение и Германска стопанска комора во Македонија вчера го прослави своето 15 годишно работење во Македонија заедно со своите членови и партнери.

Повеќе од 200 присутни гости од бизнис секторот и дипломатија, беа поздравени од гермаснката амбасадорка во Република Македонија, Кристине Алтхаусер и директорот на Германската стопанска комора во Република Македонија, Мартин Кнап.

germanska_stopanska_komora_makedonija (1)

„Македонско-Германското стопанско здружение е основано во 2000 година во Скопје со 60 компании за овие 15 години прерасна во најголемото  билатерално здружение во Р.Македонија со 185 компании членови- навистина се радуваме дека на нашиот 15 годишен јубилеј го постигнавме овој успех“, соопшти  Мартин Кнап.

Членови на Здружението се главно македонски и германски мали и средни претпријатија, но и големи претпријатија од сите стопански гранки, банки и научни институции.

germanska_stopanska_komora_makedonija (3)

Здружението со своите активности прави постојани напори за поддршка и јакнење на македонско-германските стопански односи што вклучува поддршка на германските инвеститори кои доаѓаат на македонскиот пазар и нивно етаблирање тука, воедно и воспоставување на деловни контакти со македонските комапнии.

Во 2000 година во Македонија работеле 15 германски компании, во меѓу време за овие 15 години бројот на германските компании  што подразбира директни инвестиции и германски претставништва е зголемем за 10 пати и ја достигнува бројката од 150.

germanska_stopanska_komora_makedonija 4

„Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу растеше и претпоставувавм дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. На тој начин Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија. Македонија меѓу германските претпријатија важи за добро место за инвестирање. 85 насто од германските претпријатија што работат овде, повторно би инвестирале во земјава“ , соопшти германската амбасадорка Алтхаусер.