Јубилејна 65-та изложба на Стефан Хаџи-Николов во FLUX Gallery

Во среда, 20 април, во 20 часот во галеријата FLUX во Скопје ќе биде отворена јубилејна 65-та самостојна ликовна изложба на реномираниот македонски сликар Стефан Хаџи-Николов.

Хаџи-Николов е добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, помеѓу кои и престижната Државна награда 23-ти Октомври за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.

На изложбата ќе бидат изложени 30-ина дела, работени во техника масло на платно, создавани последните години. Изложбата е поддржана од Град Скопје и ке биде отворена до 5-ти мај.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје, а член на Друштбото на ликовните уметниви на Макдонија (ДЛУМ) од 1984 година.

Учествувал на повеќе од сто групни изложби во земјата и надвор од неа. Учесник е, исто така, на повеќе меѓународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив(Бугарија) .

Добитник е на повеке награди: 1987 – Откупна награда „Климент Охридски“ , ДЛУМ-ЦРТЕЖ 87, НУБ „Климент Охридски“ , Скопје, 1989 – Специјална награда за сликарство на Авторската агенција на акедонија, Есенска изложба на ДЛУМ, Уметничка галерија Скопје, 989 – Награда на Галеријата „Лабин“, Сликарство мал формат, Центар за култура и информации, Скопје, 1994 – Награда „Вангел Коџоман“ и награда од љубителите на ликовната уметност, Сликарство мал формат, Културно информативен центар, Скопје, 2002 – Специјална награда на Бугарската национална асоцијација „Феномени“ – Статуетката „Златен феномен“, 2004 – Награда „Константин Мазев“, Сликарство мал формат, Културно информативен центар, Скопје, 2005 – Признание од Општината Кисела Вода по повод 50 годишнина од постоењето на општината, 2007 – Награда на мегународната ликовна колонија во Залаегерзег (Унгарија), 2008 – Втора награда за сликарство на есенскиот ликовен салон во Велика Плана(Србија), 2009 – Специјално признание од Остен, Светска галерија на цртеж, Скопје, 2010 – Плакета од Општината Кисела Вода за особен придонес во развојот и афирмацијата на општината по повод 55 годишнина од постоењето на општината, 2012 – Награда „Лазар Личеноски“, Годишна изложба на ДЛУМ, Музеј на град Скопје, 2015 – Државна награда „23 октомври“ за долгогодишни остварувања за Македонија во областа на културата и уметноста.