Македонија

„Југохром“ почна да поставува филтри за отпрашување

„Југохром“ почна да поставува филтри за отпрашување

Фабриката за производство на феролегури „Југохром“ од Јегуновце, започна со имплементација на проектот со кој се предвидува изградба на филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството. Се очекува филтер станиците да бидат готови до крајот на годинава, објави ТВ „Канал 5“.

Работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина ќе овозможи и нови вработувања во фабриката која во моментов работи со половина капацитет и има над 1.000 вработени.

– Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три филтер станици, планирано е да се заврши до крајот на оваа година. Изградбата на филтер станиците чиј габарит ги надминува дури и димензиите на производствените погони на фабриката, ќе овозможи задржување на прашината која се создава со производство на феросилициум и прочистување на чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ10 честички од 10 милиграми на метар кубен, валат од компанијата и нагласуваат дека според позитивните прописи дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50 милиграми на метар кубен.