„Југохром“ почна со работа

„Југохром“ почна со работа. Во моментов се ангажирани 400 луѓе, а со вклучувањето на другите печки ќе се вратат и другите работници.

Менаџментот на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце соопшти дека во функција се ставени две печки.

„Југохром“ ја стопираше работата кон крајот на декември, за да се намали загадувањето на воздухот, но од менаџментот велат оти се покажало дека комбинатот не е ниту единиствениот, ниту најголемиот загадувач на воздухот во регионот.

Во моментов, се чека градежната дозвола за избедба на системот за отпрашување.