Свет

Јулија Скрипал пренесена во болница во британска воена база

Јулија Скрипал пренесена во болница во британска воена база

Триесет и тригодишната руска државјанка Јулија Скрипал, којашто на 4-ти март заедно со нејзиниот татко 66-годишниот поранешен двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Солсбери била изложена на нервен агенс, во вторникот е пренесена во болнца во една од британските воени бази каде што е под воена заштите, пишува во средата весникот The Sun.

„Таа се наоѓа во болница во воена база поради безбедносен интерес и набљудување поради нејзината благосостојба“, изјави за весникот извор запознаен со случајот. Британските власти се надеваат дека Јулија Скрипал че може да обезбеди информации коишто ќе помогнат да се идентификуваат лицата кои се вклулени во труењето, се додава во написот.

Главниот лекар во болницата на градскиот округ на Солсбери, Кристин Бланпард претходно потврди дека ќерката Скрипал е отпуштена во вторникот од болницата. Таа додаде дека состојбата на нејзниот татко, Сергеј Скрипал поранешен полковник во руското воено разузнавње ГРУ, исто така, се подобрува. Таа не откри детали за третманот на Скрипал, велејќи само дека лекарите „користеле специјални методи за детоксикација“ на организмите на настраданите.

Претходно беше објавено дека Јулија Скрипал би можела да биде пренесена во САД. Русија, пак, бараше таа нејзина државјанка да биде пренесена во татковината.