Јулија Тимошенко ќе се кандидира за претседател на Украина

Украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко објави дека планира да се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат во 2019 година.

‘Јас ќе се кандидирам за претседател на Украина во 2019 година“, изјавила таа во едно интерјву кое беше објвено на нејзината официјална “Фејсбук“ страница.

Таа најави и дека ако ја изберат за претседател ќе иницира референдум за нов Устав со кој, како што рече, ќе се демонополизира моќта на властите кои би имале поголема контрола од општеството.

Според анкета спроведена во мај од страна на Фондацијата за демократски иницијативи Кучерив и институцијата Разумков, Тимошенко била во водство, со поддршка на околу 13 отсто од испитаниците кои имале намера да гласаат. Актуелниот претседател на Украина, Петро Порошенко, бил на четвртата позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.