Јулија Тимошенко ослободена

Украинскиот Парламент денеска изгласа враќање на уставот од 2004 година, со кој се ограничуваат овластувањата на шефот на државата и на пратениците им се дава право да ги именуваат клучните министри.

Согласно уставот од 2004 година, владата се составува и одобрува од Парламентот, а мандатот на пратениците е пет години. Пратениците го избираат премиерот од предложените кандидати од страна на претседателот, пренесе МИА.

Претседателот ги предлага и министерот за одбрана, за внатрешни работи и шефот на Службата за безбедност. Другите министрите ги избираат пратениците.

За промена на уставот гласаа 386 пратеници во 450-члената Врховна рада.

Со 372 гласови „за“ пратениците го изгласаа Законот за амнестија, со кој се предвидува безусловна амнестија на сите уапсени за време на протестите и немирите во претходните денови во Киев, како и да не бидат кривично гонети за учество во демонстрациите.

Враќањето на Уставот од 2004 година беше едно од главните барања на опозицијата, откако во 2010 година Уставниот суд на Украина ја прогласи уставната реформа од 2004 година како неуставна и го врати највисокиот државен акт од 1996 година и враќање на претседателско-парламентарна република. Со тоа, според нив, би се укинала контролата на шефот на државата врз владата и судството, а сега се трансформира во парламентарно-претседателска форма на управување со државата. Реформата на уставот мора да биде спроведена до септември 2014, заклучија власта и опозицијата.