Спорт

Јунајтед без Руни и Ван Перси гостува на „Стемфорд Бриџ“

Јунајтед без Руни и Ван Перси гостува на „Стемфорд Бриџ“

Контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо е на седмо небо откако ја слушна изјавата на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, дека напаѓачкото дуо, Вејн Руни-Робин ван Перси нема да бидат во комбинација за неделниот дерби натпревар на “Стемфорд Бриџ”.

“Точно дека Руни повторно е во Манчестер и дека одлично се чувствува, но не е подготвен за дуелот против Челзи. Тренира, трча, делува многу добро, а ние се надеваме дека се има убаво одморено во изминатите неколку дена и дека ќе профитираме од таа пауза. Мислам дека е во добра кондиција, но нема да игра против Чезли. Робин ван Перси? Мислам дека ќе почне со тренирање на стартот од следната недела. Со нетрпение го очекувам неговиот кам-бек. Многу ни недостасува, но брзо ќе се врати во посакуваниот ритам и во посакуваната форма”, изјави Мојес.