Спорт

Јунајтед ги одби сите шест понуди за Чичарито

Јунајтед ги одби сите шест понуди за Чичарито

Иако на неговата адреса пристигнале шест примамливи понуди, агентот на резервниот напаѓач на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез, потврди дека неговиот клиент нема да го напушти “Олд Трафорд” за време на зимскиот преоден рок.

“Пред неколку дена бев во Манчестер. Разговарав со клупскиот претседател и тој ми соопшти дека Хавиер е ценет на “Олд Трафорд” и дека нема да му биде дозволено да си замине од Манчестер за време на зимскиот преоден рок. Хавиер до крајот на актуелната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед, но не знаеме што се може да се случи по завршувањето на Мундијалот во Бразил. Јас можам да откријам дека за неговите услуги, добивме понуда од еден клуб кој се натпреварува во Германија, од еден француски клуб, од два клуба кои се натпреваруваат во Шпанија и од два клуба кои се натпреваруваат од Италија”, изјави агентот на мексиканскиот интернационалец.